Македонија
27. March 2020 - 17:27

И во услови на вонредна состојба продолжи судскиот процес „Рекет“

Зад затворени врати се одржа судењето „Рекет“ на кое сведочеше обвинителката Фатиме Фетаи. Судечкиот совет одлучи да ја исклучи јавноста од рочиштето, бидејќи ќе имало прашања поврзани со предистраги и истраги кои се работеле во СЈО. Фатиме Фетаи е повикана за сведок од страна на обвинетата Катица Јанева. На ист начин сведочеше вчера и обвинителот Гаврил Бубевски.

Во Кривичниот суд за денеска беа закажани уште две рочишта. Рочиштето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април беше одложено. За предметот „Титаник“ 3 судењето е во фаза на завршни зборови.