Македонија
10. August 2018 - 16:14

И владата по пазарни цени со буџетски пари ќе може да се рекламира за референдумот

Не само што премиерот и министрите ќе можат да ја користат јавната говрница за кампања за референдумот на 30 септември, туку и Владата ќе може  по пазарни цени со народни пари  да ги рекламира своите ставови за грѓанското изјаснување во текот на јавната пропаганда.

Од  ДИК велат дека не можат да ограничат некому да се рекламира бидејки законот за референдум не познава ограничувања.

За време на избори, надлежна за решавање на евентуланиот судир на интереси беше Антокурупциската комисија, но ова тело веќе со месеци е празно и се чека на избор на нов состав.

Инаку, веќе за два дена од јавниот увид на Избирачкиот список, преку подрачните едници на ДИК проверка на своите податоци направиле 213 граѓани.Бројката е поголема кај електонската проверка преку интернет страницата на Комисијата.

Околу 160 иселеници пак, веќе побарале да гласаат во ДКП-та. Најмногу пријавени за гласање во дијаспората има во Берн, Виена, Љубљана, Лондон и Торонто.

За грешките во адресите и избрачите кои се се уште присутни во Списокот од ДИК апелираат на поголема ажурност на гражаните, но и на институциите кои ги даваат податоците, како МВР; Управата за санкции, матичните книги.

Месечно , според податоците на Комисијата, се правеле од две до три илјади прмени во евиденцијата на гласачи.

Катерина Нешкова