Loading Video...
Кошарка
29. November 2017 - 12:58

И тоа се случи, Леброн прв пат во кариерата заработи исклучување

Еден од најдобрите светски кошаркари, Леброн Џејмс за првпат во својата НБА кариера доби исклучувачка грешка. 

Џејмс кој својата кариера ја започна во 2003 година, а синоќа во дуелот против Мајами го играше својот 1.081-ви дуел за прв пат во кариерата беше исклучен. 

Имено Џејмс протестираше поради наводно не досудена лична грешка над него, по што судијата Кејн Фицџералд реши да му го покаже патот кон соблекувалната.

Џејмс за 28 минути минати на паркетот постигна 21 поен, а имаше и 12 скока и 6.асистенции

Кливленд го доби мечот против Мајами со 108:97.