Македонија
11. May 2018 - 16:14

И СПЦ ќе одбележува 1000 години од основањето на Охридската Архиепископија

И Српската Православна Црква ќе слави 1000 години од основањето на Охридската Архиепископија. Соборот на Српските архиереи, кој заврши вчера во Белград донел одлука молитвено и достоинствено да биде озбележан овој значаен јубилеј.

Иако се најавуаше, сепак СПЦ не ги усвои измените на Уставот, со кој се предвидува идната титула на Патријахрот да биде Патријарх на поморските и српските земји. Поради забелешки, измените на уставот се одложени за соборот следната година.

Српските владици ја поздравиле одлуката на Судот во Стразбур со која се бара регистрација на јовановата ПОА, а истовремено ги осудиле постаклите на Бугарската црква која почна процес на преговори со МПЦ за признавање на нејзината автокефалност. Во соопштението од Соборот, нема ниту збор за тоа дали и кога СПЦ ќе покрене процес на разговори со МПЦ. Она што е видно забележливо, е реториката со која СПЦ открива дека е во сериозни кавги, не само со Бугарската, туку и со Романската православна црква, но и со римокаточличката црква на Балканот.

Инаку, МПЦ и Бугарската црква ги продолжуваат меѓусебните контакти. Архиепископот Стефан вчера беше во Софија, каде на одбележувањето на денот на Светите Кирил и Методиј, потврди дека ја поканиле Бугарската црква да учествува за јубилејот 1000 години Охридска Архиепископија, кој во Охрид ќе се слчува на 27 и 28 мај.

На денешната литургија за Свети Кирил и Методиј во Храмот во Софија, приуствуиваше и делегација на МПЦ-ОА.