Македонија
21. March 2017 - 21:35

И со трактори на протестен марш во Кавадарци

И со трактори вечерва мирно се протестираше во Кавадарци, против Платформата од Тирана и во одбрана на унитарноста на Македонија.

Пред присутните говореше Алимпие Лазоровски, пензионер. Тој нагласи дека граѓаните се тука за унитарна и целосна, со правна еднаквост, просперитетна и слободна Република Македонија.

- Ќе ги спречиме нечесните и алчни луѓе на СДСМ и нивните странски ментори да се дограбаат до власта и да раководат, непочитувајќи ги демократските правила и соработувајќи за туѓи интереси. Нема да ви дозволиме на туѓ неразбирлив јазик закони да ни пишете, нагласи Лазоровски.

На градскиот плоштад настапија и музичките уметници Ангел Тотов, Стеван Волчев и Пешо Бошков, со револуционерни патриотски песни.