-->
-->
И со 36 години Лазаров не се предава, посакува нови трофеи и успеси
-->
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, во интервју за тиражниот „Диарио Ас“, открива зошто решил да си замине од Барселона, зошто на дресот ја носи седумката и кои се неговите желби и планови за во иднина.
Кирил Лазаров минатата недела освои нова титула во шпанското првенство со Барселона, титула која е 53-та во неговата богата кариера, но тој по завршувањето на сезоната ќе ја напушти „блауграна“.
„Причината за моето заминување од Барселона не е поради финансиска причина, туку бидејќи не бев задоволен со времетраењето на новиот договор кој ми беше понуден. Иако имав други понуди, но таа на Нант беше најдобра. Потпишав договор на две сезони со опција да биде продолжен за уште една година. Нант е клуб кој напредува, кој игра во Лигата на шампионите, кој го победи ПСЖ во домашното првенство, има амбиции да игра во силните квалитативни групи во ЛШ и има неверојатна публика”, рекол Лазаров.
Десниот бек ги открил и желбите кои посакува да му се остварат, уште една титула во Лигата на шампионите и учество на Олимписки игри со Македонија.
„Би сакал да ја освојам втората Лига на шампиони со Барселона и да играм на Олимписките игри со Македонија. Двапати стигнавме до квалификациите, но не успеавме. Да се пласираме во 2020 година во Токио ќе биде многу тешко, но ќе одиме чекор по чекор, година по година. Дај Боже да ги избегнам повредите и да го задржам моето ниво. Ќе биде како сон кој станува стварност да се квалификуваме”, искрен е десниот бек.
На крајот тој објаснил зошто секогаш на дресот ја носи седумката, односно зошто 77 во дресот на Барселона.
„Бројот 77 го носам во Барса, бидејќи седумката е повлечена, а изборот на седумката е поради Тони Кукоч. Ја сакам кошарката, а нему му се одушевував кога играше за Југопластика и кога ја победи Барса”, заврши Лазаров.
В недела во „Шпаркасе арената” Лазаров и соиграчите го играат првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Кил, а реваншот е шест дена подоцна во „Палау Блауграна”.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика