Македонија
7. October 2016 - 15:33

И Скопје се затресе, нов земјотрес по серијата во регионот

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва, на 07.10.2016 год., регистрира земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје.

Овој земјотрес се случи во 01 часот и 06 минути, со Рихтерова локална магнитуда 1.6. Истиот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.