Македонија
25. December 2018 - 13:26

И синот на Бучковски врботен во МЕПСО

Дамјан Бучковски е последното кадровско решение на државната компанија МЕПСО. Дамјан е син на професорот Владо Бучковски, поранешен премиер и повратник во редовите на владеачката партија СДСМ.Тој во компанијата е ангажиран со договор на дело. Од неодамна во МЕПСО работи и Фиторе Бејта Акику, ќерката на Невзат Бејта, поранешниот градоначалник на Гостивар од владеачката партија ДУИ.

„На последниот оглас за вработување објавен во согласност со Законот за работни односи, на работната позиција референт за набавки во одделот за комерцијални работи вработено е горепосоченото лице како најдобар кандидат од конкурентите на огласот“, информираа од МЕПСО за нововработената Фиторе Бејта Акику.

Годинава АД ЕЛЕМ се вработи и Бесија Џафери, ќерката на претседателот на Собранието, Талат Џафери како референт за правни работи. Во ЕЛЕМ vo 2018 godina имаше работно место и за Димитар Грчев, син на архитектот и советник во Министерството за култура Мирослав Грчев.