Ѝ се заканил на судијка дека ќе ја убие, ОЈО поведе постапка
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста согласно член 144 став 5 од Кривичниот законик.
Како што соопшти ЈО, на 21 јуни, преку информатички систем, обвинетиот се заканил дека ќе стори кривично дело – Убиство од член 123 став 2 од Кривичниот законик за кое е пропишана затворска казна од најмалку 10 години, спрема оштетена – судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија. На својот профил на социјална мрежа, незадоволен од одлука на Уставниот суд во врска со законот за застареност на долгови, обвинетиот објавил пост со закани дека ќе го стори кривичното дело, директно споменувајќи ја посочената уставна судијка, со што кај оштетената предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, информираат од ОЈО.
Со казнениот налог обвинителството предлага на обвинетиот да му биде изречена кривична санкција – условна осуда со која ќе му биде определена казна затвор од три месеци која нема да се изврши доколку тој не стори ново кривично дело во рок од една година од правосилноста на пресудата, додаваат од обвинителството.
Ново на Сител
-
20 заглавени возила во Маврово и Попова Шапка, меѓу кои и возило на Пожарна
-
Семејство со две деца заглави во снегот на локалниот пат околу Мавровското Езеро
-
Гренел: Итна истрага за експлозијата на каналот Ибар-Лепенец
-
РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари
-
Прегазен 60-годишен пешак во Јегуновце
-
Делчево: Тешко повреден млад возач кој удрил во паркиран автомобил
-
19-годишник со „тојота“ прегазил пешак
-
Хамас соопшти дека е подготвен да разговара за прекин на огнот во Газа