Македонија
7. April 2019 - 17:29

И се слошило и само паднала, скопјанка (67) почина на булеварот „ВМРО“

Вчера година во 09:30 часот во Полициската станица Центар од екипа на Итна медицинска помош било пријавено дека на булеварот „ВМРО“ во Скопје, на автобуската постојка, при интервенција на повик дека имало женско лице на кое му се слошило и паднало, кај истото била констатирана смрт без траги на насилство.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдено е дека починатата е Б.Д.А.(67) од Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.