Живот
19. April 2017 - 13:24

И се може: Бодибилдерка не се срами да ги покаже влакнестите нозе и пазуви

Фитнес блогерката Морган Микенс со своите 7.000 следбеници на Инстаграм сподели фотографија од своите влакнести нозе и пазуви, надевајќи се дека ќе ги инспирира другите да ја прифатата природната убавина. 

Фотографиите во меѓувреме, се најдоа на насловните страници на повеќето странски медиуми.

Морган на својот Инстаграм профил главно објавува фотографии од своето тело откако почнала да се занимава со бодибилдинг.

Како што вели, кога имала 11 или 12 години на часовите по физичко другите девојчиња ја исмевале зошто имала влакнести нозе, по што побегнала дома и ја прашала мајка си дали може да ги бричи нозете. По повеќе годинаи депилација, минатата година одлучила да го фрли бричот засекогаш, и од почетокот на 2016. година повеќе не се бричела под пазувите ниту пак нозете.

-Постојат повеќе причини зошто се одлучив за тоа, прво ми одземаше многу време. Предолго траеше тоа, туширање, бричење на се, миење на косата. Едноставно, еден ден си реков дека нема повеќе да го правам тоа. Кога ми пораснаа влакненцата сфатив дека всушност ми е многу пријатно, прилично се меки, вели Морган.

Додава дека не сака сега сите да престанат да ги бричат пазувите и нозете. Само сака да ги инспирира другите.

-Битно е она што вам ви е згодно, порачува таа.