Ѝ пришол во ресторан и ѝ кажал да се покрие - доилката направила генијален потег
Кога на една мајка ќе ѝ кажат да се покрие додека го дои своето бебе на јавно место, сè може да се случи - оваа жена го докажала токму тоа.
Американката Керол Локвуд споделила фотографија која го насмеа светот. Имено, една млада жена почнала да го дои своето дете во ресторан кога ѝ пришол маж и ѝ кажал да се покрие.
Таа возвратила со генијален потег - го покрила своето лице со марама и продолжила да го храни своето бебе.
"Никогаш не сум ја запознала, но мислам дека оваа жена е генијална. Доста ми е од тоа жените постојано да се срамат поради доењето", напишала Керол на Фејсбук, која додала дека ваквата сцена не се случила во некоја од арапските земји.
Пголемиот дел од корисниците на социјалните мрежи го поддржале потегот и велат дека жената немала зошто да се срами.
"Браво, мама! Само на ограничени луѓе може вакво нешто да им смета. Ова е најприродната работа на светот", гласи еден од коментарите под фотографијата.
Ново на Сител
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори
-
Османи лично решил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
ЦГК: Училиштата трошат 10 милиони евра пари на родителите без отченост и транспарентност
-
Кавга меѓу Арсовска и Костадиновска Стојчевска: Министерката ќе ја тужи градоначалничката
-
Приватните специјализанти извисија - Решение после избори