Македонија
10. July 2019 - 16:46

И премиерот Заев му се јавувал и му праќал слики на „Порошенко“

Се до завчера Премиерот Заев верувал дека разговара со Порошенко и Столтенберг па на телефоните на руските комичари испраќал фотографии и информации. Тој денеска потврди дека имало ситуации во кои и тој самиот го вртел телефонскиот број на лажниот Порошенко.

Против Македонија се води специјална војна од страна на сили кои се против нејзината НАТО интеграција, смета министерката за одбрана. 

Шеќеринска вели дека за измамата на Столтенберг и Макрон никој не понел одговорност, па отттука, според неа, нема простор тоа да се случи и на Илинденска.
За опозицискиот лидер Мицкоски овие оправдувања не држат. Тој во колумна објавена денеска вели дека во СДСМ, дното нема крај.

„Во споредбата со тоа добро елитно друштво на кое премиерот се радува, е разликата што тој таму не припаѓа затоа што тие откриваат дека се работи за местенка во првите 20 минути, а Заев година дена верува дека е пријател со украинскиот претседател Порошенко. Понатаму видовме и како Заев се нуди и секогаш е отворен за „добра бизнис зделка“, па дури и ако приватно му треба на Порошенко. “ – пишува Мицкоски.

За срамот кој што и го нанесе на Македонија премиерот Заев мора да поднесе оставка, смета опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека изнесувањето на државни тајни, информации за средби на највисоко ниво и договорот за поткуп на веселенскиот патријарх ја покажуваа како што велат неспособноста и кримингоеноста на власта.

Заев и денеска потврди дека нема да поднесе оставка и дека не гледа простор за одговорност по скандалот во кој се најде откако двајца руски комичари повеќе од 1 година го лажеле дека разговара со поранешниот украински претседател, Петро Порошенко.