Македонија
15. November 2017 - 14:28

И пратениците на БЕСА ќе поднесат амандмани за законот за јазиците

Пратениците од БЕСА, иако ја поддржаа потребата за носење на законот за употреба на јазиците, имаат многу забелешки во однос на тоа како овој предлог закон го уредува ова прашање и службената употреба на албанскиот јазик, изјави денеска Фадиљ Зендели, пратеник од оваа партија најавувајќи амандамни за текстот. 

- Со овој предлог закон не се официјализира албанскиот јазик како втор официјален јазик, рече Зендели, туку само значи унапредување на употребата на албанскиот јазик во државните институции. 
 
БЕСА ќе поднесе амандамни за оние членови на Предлог законот за употреба на јазиците во насока на тоа, како што кажа пратеникот Зендели, албанскиот јазик да стане втор службен јазик во Република Македонија.