Џет-Сет
12. October 2016 - 11:55

И порај лошите критики, „Девојката во возот“ стана нов филмски хит

Психолошкиот трилер „Девојката во возот“ изби на првото место на американските топ листи со заработка од 24,5 милиони долари и покрај лошите критики пред почетокот на прикажувањето на филмот.

Емили Блант во филмот игра депресивна разведена жена зависна од алкохол, која станува сведок на необичен настан додека патува со воз и покренува истрага за исчезнато лице.

Филмот на „Јуниверзал“ е базиран на британскиот бестселер на писателот Пол Хокинс.

„Девојката во воз“ од првото место го потисна „Домот на госпоѓица Перегрин за чудните деца“ на Тим Бартон, кој изминатиот викенд заработи 15,1 милиони долари.