Loading Video...
Фудбал
15. јуни 2020 - 14:48

И покрај убедливата победа на Реал, Зидан незадоволен од играта

 
 
Во натпревар од 28-то коло во Примера екипата на Реал Мадрид оствари убедлива победа над Еибар со 3-1.
 
Целата работа фудбалерите на Реал ја завршија во првиот дел. Откако Тони Крос во 4-минута го отвори резултатот, Серхио Рамос и Марсело со головите со 30-тата и 37.минута му донесоа убедлива предност на мадридскиот клуб. 
 
Победата можеше да биде и поубедлива доколку во вториот дел домаќините играа во ист ритам, но препуштајќи ја играта на противникот му дозволија на Еибар да постигне гол преку Бигас во 60-та минута и да го ублажи поразот. 
 
Токму тоа како и да го принуди тренерот на „Кралевите“,Зинедин Зидан и покрај победата по мечот да изјави дека не е задоволен од прикажаното особено во вториот дел. 
 
„Не бевме добри во второто полувреме. Не знам дали е проблем во нашата физичка подготвеност или во некој друг елемент, но не беше добро. Ова беше и нешто ново за нас, досега невидено. Важни се трите бода, ќе видиме за понатака, изјави Зидан за кого синоќешниот меч беше јубилеен 200-ти на кормилото на Реал. 
 
Само двајца тренери го воделе Реал Мадрид повеќе пати од Французинот и тоа Висенте Дел Боске кој на 246 меча бил на кормилото на „Кралевите“’ и легендарниот Мигел Муњоз кој во приод од 15 години како тренер го предводел Реал на се чини недостижни 605 натпревари