Македонија
1. May 2019 - 16:13

И покрај скара се дебатира за работничките права

Работниците ги заборавија секојдневните обврски,слават. Верни на традицијата, меѓународниот ден на трудот, го празнуваат во природа.

Постапките на повозрасните, ги следат и младите.Неработниот ден ги наполни излетничките места.Работниците велат се одбележува денот на трудот.

130 години светот го одбележува 1-ви Мај во чест на жртвите во работничките демонстрации во Чикаго во 1886-та, барајќи воведување осумчасовен работен ден.

„Пијалок, скара и добра музика.. Вработените ги заменија работничките хали со традионален излет во природа“.

Но токму празничната трпеза е местото да се споделат искуствата од секојдневните работни обврски. Заклучуваат дека не се почитуваат работничките права.

Празната скара го означи крајот на првомајскиот пикник. Новиот работен ден почнува утре.