И покрај препораките на УНЕСКО продолжува градежната експанзија во охрискиот регион | Сител Телевизија
Македонија
24. May 2018 - 22:02

И покрај препораките на УНЕСКО продолжува градежната експанзија во охрискиот регион

Измина  рокот од  30 дена за воведување на мораториум на сите крајбрежни  и урбани трансформации во Охридскиот регион според препораките на УНЕСКО.

Eколошките здруженија преку отворено писмо побараа од премиерот Заев да се заштити  територијата на Светското природно и културно наследство.

Стручните лица велат дека Охрид може да се најде на листата на загрозени градови бидејќи секојдневно се нарушува архитектурата и инфраструктурата на одредени објекти.

Мисијата на УНЕСКО во последниот извештај изрази загриженост од зголемувањето на сообраќајот и туризмот, по што државата се откажа од изградбата на експресниот пат од Охрид преку Пештани до Свети Наум кој требаше да поминува преку Националниот парк Галичица. Според архитектот Зарчев,критериумите се строги но секогаш треба да има компромис.

Стручните лица предлагаат да се формира совет  од 21 преставник од различни институции научни стручни и граѓански  кои барем еднаш годишно ќе дискутира за сето она што е направено и колку се почитуваат препораките на УНЕСКО.