Бизнис
20. May 2016 - 16:36

И покрај политичката крза, реализација на странските инвестиции во Македонија

Директните странски инвестиции продолжуваат и во услови на тешка политичка криза и во една недела стартуваат три нови инвестициски проекти.

Почна со работа компанијата Симфони Солушнс – холандска инвестиција од секторот на информатичките технологии која во финалната фаза ќе креира најмалку 200 вработувања.

Завчера белгиската Ван Хул започна со градба на втората фабрика за автобуси. Инвестицијата изнесува 17 милиони евра  и ќе се спроведува во три фази.

Во новиот капацитет најавени се 450 директни работни места, а треба да има и околу 100 индиректни вработувања.

Вчера, беше означен почетокот на изградба на третата инвестиција на Џонсон Контролс во Македонија, вредна 20 милиони долари. Во новиот погон во Струмица ќе се отворат 1500 вработувања.

Американската, холандската и белгиската компанија вкупно треба отворат нови 2.200 работни места.