Бизнис
19. јуни 2017 - 20:09

И покрај барањето на владата за стопирање, ЕЛЕМ го распиша тендерот за топлификација на Битола

ЕЛЕМ го објави тендерот за топлификација  во Битола. Во германските медиуми се бара инвеститор кој ќе ја гради трасата во должина од 12,6 километри, почнувајќи од јануари 2018 та година. Објавата доаѓа и покрај барањето на вицепремиерот за економски прашања Ањѓушев јавните повици да бидат  веднаш стопирани, затоа што покрај од Управниот одбор , треба да бидат одобрени и од Владата. Но Мицковски на тоа одговори дека станува збар за проекти од кои корист ќе имаат граѓаните, а постапката за тендерот е почната и законот е сменет уште во декември 2015 та година.

Проектот е вреден 46 милиони евра, од кои 39 се кредит од КФВ банката, а останатите 7 од државните електрани.

- Со оглед на тоа дека станува збор за задолжување, без разлика дали ЕЛЕМ се задолжува, тоа е задолжување кое го прави Република Македонија и токму заради тоа процесот мора да биде стопиран, да се иницира нова постапка и да помине низ соодветна процедура. Не би сакале ниту компанијата, ниту земјата, а најмалку граѓаните да претрпат штети заради неодговорност на менаџментот на ЕЛЕМ“,се вели во реакцијата на вицепремиерот.

Чинот на објавување на тендерот и покрај повикот да се стопира, се оценува како крајно непрофесионален. Раководството на ЕЛЕМ имаше 11 години да го реалзира проектот , но тоа не се случи, реагира преку соопштение вицепремиерот. Според негоѓ штетата е веќе направена со самото објавување, но крајно време е управниот одбор на компаниајта да донесе одлука за мораториум на прокетоите, з ада не го наруши имиџот на Македонија.