Живот
5. January 2017 - 9:06

Ѝ побара секс, таа сакаше да го извади „ѓаволот од него“

Ангела Камингс патува по светот и проповеда во врска со Исус Христос, а сето тоа го подоцна го објавува на својот профил на популарната мрежа „ЈуТјуб“. Неодамна таа го посетила и Загреб, главниот град на Хрватска, каде на главниот плоштад „Бан Јелачиќ“ беше пречекана од маж кој и нудеше секс. Таа му одговорила дека не практикува секс пред брак и дека од него итно мора да „ги избрка“ демоните!

Непознатиот маж, кој според видеото, се чини дека е под сериозно дејство на алкохол не се откажуваше, а набргу настанот привлече и внимание од минувачите.

Додека мажот се обидуваше да покаже што мисли во врска со Исус и апстиненцијата, Ангела врз него се обидувала да изврши „егзорцизам“. Урнебесната драма траела неколку минути, за на крајот мажот сепак да се откаже.