И по вонредната состојбата, остануваат мерките за ослободување од работа на бремените, хронично болните и родители на деца до 10 години
Министерството за здравство информира дека Владата на Република Македонија на вчерашната 65 седница заклучи дека и по завршување на вонредната состојба ќе продолжат да важат мерките со кои се ослободуваат од работни обврски одредени категории на граѓани.
Од работни обврски остануваат ослободени родителите на деца на возраст до 10 години или активно четврто одделение, хронично болните лица, бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои ја користат услугата дневен центар како и лицата кои што на работа одат со придружба -потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, со можност, доколку е тоа остварливо овие лица да ги извршуваат своите работни обврски од дома
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето