Македонија
9. February 2019 - 16:39

И оваа сезона затворен патот кон Галичица

И оваа зима патниот правец до Галичица е затворен, а живописните планински предели недостапни за охриѓани и туристите.

И покрај тоа што планинарите  сметаат дека забраната е непродуктивна и треба да се изнајде начин овој проблем да се надмине надлежните служби задолжени за одржување на патиштата децении наназад уверуваат дека не постои економска оправданост да се одржува овој пат во зима додавајќи дека е небезбеден и сериозно оштетен.

Обидот за изградба на ски центар на Галичица пропадна според препораките на Унеско беше посочено дека во паркот не смее да се гради бидејќи ќе се наруши рамнотежата на еко системот во кој живеат стотици ендемски видови.

Според добрите познавачи потребно е одржливо искористување на природните потенцијали со оглед на тоа дека се поголем е бројот на туристите кои доаѓаат заради убавините на Галичица.