Бизарно но вистинито
29. September 2015 - 14:00

И ова го има - Судија среде фудбалски натпревар извадил пиштол

Во  Бразил судија на фудбалски натпревар реши на бизарен и  опасен начин да се справи со една тешка ситуација.
Според информациите кои ни доаѓаат од Јужна Америка, судијата Габриел Мурта по професија полицаец полудел откако бил удрен од гостинските играчи на дуелот меѓу Брумандињо и Амантес де Бола во аматерските лиги.
Тој во знак на одбрана посегнал по својот службен пиштол, но за среќа е спречен поголем инцидент, можеби и трагедија благодарение на помошниците на Мурта кој сега мора да помине да дополнителни тестови за да се утврди во каква состојба е пред понатаму да суди официјални натпревари.