Кошарка
4. April 2017 - 12:26

И ова е кошарка, 218: нула

Резултат за неверување е постигнат во женската кошаркарска кадетска лига на Хрватска. На 1.април кадетките на ФСВ славеле над Кварнер 218:0.

Хрватските медиуми го пренесоа овој неверојатен резултат, со напомена дека за поразениот тим играле девојчиња без никакво искуство. Клубот ги ангажирал, бидејќи нема екипа во оваа категорија во А-2 лигата.

„Vecernji.hr“, во извештајот од натпреварот пишува дека девојчињата од Кварнер, во текот на целиот натпревар, само неколку пати успеале да минат на противничката половина.

Инаку, истиот ден, во Албанија, во машката Прва лига Тирана го победи Фљамуртари со 207:42.