Македонија
16. March 2019 - 16:37

И охридскиот воздух стана загаден

Интензивната урбанизација во централното градско подрачје ,греењето и згуснатиот сообраќај се само едни од причините и Охрид да се најде на листата на загадени градови.

Интернет апликациите континуирано во одредени денови покажуваат загадување на воздухот во Македонскиот бисер  кој е нарекуван воздушна бања и место каде жителите од другите градови доаѓаа да дишат чист воздух . Синоќа концентрацијата на пием 10 честичките достигна  210 микрограми на метар кубен.

Граѓаните велат дека особено загадување на воздухот може да се забележи во вечерните и утринските часови.

Добрите познавачи велат дека за среќа езерото доведува до разредување на воздухот инаку загадувањето во главниот туристички центар би било далеку поголемо.