Спорт плус
3. May 2016 - 9:19

И новиот светски првак во снукер е од Лестер

Англичанецот Марк Селби го освои Светското првенство во снукер, кое се одржа во Шефилд. Селби покрај титулата, која е втора во неговата кариера, освои и парична награда од 330.000 фунти.
 
Марк Селби, во финалниот меч, го совлада Кинезот Динг Џунхуи со 18-14, во меч кој го отвори со убедливи 6-0 во фрејмови. На првиот одмор Селби водеше 6-2, потоа Џунхуи успеа да намали на 7-5, а на новата пауза Англичанецот имаше предност 10-7.
 
Успеа Кинезот одново да се доближи на еден фрејм, но во решавачкиот период Селби влезе со предност 15-11 кој му беше доволна за да ја освои титулата.
 
Селби стана шестиот играч во историјата на снукер кој освоил две титули светски првак. Пред две години, кога ја освои првата титула, тој во финалето го победи Рони О’Саливен, најголемата ѕвезда во овој спорт.
 
Лестер вечно ќе го памети 2.мај, како ден кога во градот пристигнале две големи титули, онаа на Селби и на фудбалерите кои прв пат во историјата ја освоија Премиерлигата.