Македонија
14. September 2016 - 16:25

И ноќеска земјотрес ги разбуди скопјани - Измерена јачина од 3.2 степени според Рихтер

Уште еден земјотрес ноќеска во 1:32 минути ги вознемири Скопјани. Земјотресот беше со јачина од 3,2 степени според Рихтер и предизвика вознемиреност кај граѓаните. Од сеизмолошката опсерваторија апелираат граѓаните да останат смирени и уверуваат дека нема простор за паника.

Според сеизмолозите Скопската котлина лежи на сплет на раседи, од кој најглавен и најактивен е Скопско-Ќустендилскиот.

Според неа приближно околу 100-тина години се потребни да се случи земјотес со јачина од 5 степени и последен ваков земјотрес е е забележан во 1921 година. Додека 500-тини години треба да поминат за да се случи земјотрес како што е скопскиот од 1963- та година.

Поврзаност помеѓу земјотресите во регионот и со Македонија нема, но генерално се работи за огромни тектонски плочи кои кои се поместуваат една кон друга.

Во изминативе неколку дена во јавноста се појавија шпекулации за локацијата, интезитетот и јачината на земјотресот. Многу граѓани го гледаа сајтот на Европскиот сеизмолошки центар. Овој центар нема мерни инструменти во Македонија и затоа нивните првични информации се погрешни, и на тој начин граѓаните погрешно се информираат. Затоа од Сеизмолошката опсерваторија упатуваат апел дека јавноста треба да има доверба во нивните податоци и во нивната работа.