Џет-Сет
4. July 2016 - 14:59

И недостасува само камшик: Северина "уби" со садо-мазо деколте

Северина (44) направи дует фотографија со српската пејачка Сајси МС на која се наоѓа во атрактивно издание. Пејачката на себе има црн латекс, кој посебно и ги истакнува градите.
 
Популарната пејачка на своите фанови на Инстаграм се пофали со својот садо-мазо изглед. Со контроверзната раперка изгледа интензивно се работи на спотот. Пред неколку недели тие објавија заедничка фотографија, а Северина ја откри и новата боја на косата.
 
 
Во спотот "Силикони" ќе им се придружи и глумецот Сека Саблиќ па судејќи според насловот и фотографиите спотот ќе биде изразено провокативен.