Фудбал
6. July 2016 - 10:48

И на следното ЕП во фудбал ќе игра пола Европа

Директорот на ЕУРО 2016 Мартин Кален рекол дека форматот на турнирот со 24 репрезентации се покажал како успешен, односно дека ја зголемил популарноста на фудбалот во помалите држави.
 
„Овој формат е успешен. Видовме две репрезентации, Исланд и Велс, кои стигнаа далеку, што никој не претпоставуваше. Тоа е добро. Овој турнир отвора нови перспективи за фудбалот, мислам дека ќе порасне популарноста во некои земји, што ќе донесе уште повеќе деца во фудбалските школи“, рекол Кител.
 
Кител со оваа своја изјава само потврдил дека и на наредното ЕП ќе учестуаат 24 репреентации.
 
„Не можам да кажам каков формат ќе има ЕУРО 2024, но ние веруваме дека ваквиот ситем ќе остане, бидејќи во Франција се покажа како добар“, заклучил Кален.