Македонија
9. March 2021 - 16:30

И музичките здруженија најавуваат протести ако Владата не им одговори на барањата

Или пуштете не да свириме или обештете не. Над 1.400 музичари од земјава се заканија со протест доколку Владата не одговори на нивните барања до петок. Најдоцна до крајот на месецот државата повторно да ги обештети со по 43.000 денари, да се избрише точката од предлог протоколот на угостителите за организирање на настани без жива музика, и итна средба во Министерството за култура. Барањата веќе ги доставиле до надлежните, но досега не добиле никаков одговор. 

Музичарите очекувале дека ќе бидат опфатени во петтиот пакет мерки. Таква најава имало и од премиерот. Но досега помош добиле само еднократно во декември лани, што не е доволно да ги покријат ни основните трошоци. 

Веќе една година музичарите имаат забрана за работа. За да го забрзаат процесот тие самите изготвиле протоколи, но засега немаат можност да ги презентираат на надлежните.