Македонија
3. May 2016 - 12:54

И мртвите немаат мир: Осквернавен гроб во Катлановско Блаце

Вчера во 10.00 часот во ПО-Петровец, Г.О. (51) од Скопје пријавила дека во периодот од 15.04.2016 година до 02.05.2016 година на гробиштата во Катлановско Блаце непознат сторител извршил сквернавење на гробот на нејзините родители. 

Сторителот со употреба на погоден алат ја тргнал надгробната плоча и ископал околу 1,5 кубици земја.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.