Свет
27. May 2022 - 16:35

И Москва со критики до Западот

Во новата воена помош што САД планира да и ја испрати на Украина може да се најдат и напредни ракетни системи со долг дострел, кои се главното барање на украинските власти. Конечната одлука според најавите ќе биде објавена во текот на наредната недела. Од ракентите системи од американско призводство може да се испалуваат ракети на повеќе од 100 километри, многу подалеку од оние што моментално се на располагање на Киев. Досега Бајден избегнуваше да го обезбеди оружјето кое потенцијално ќе и овозможи на Украина да нападне руска територија многу подалеку од границата. Вашингтон сериозно да размисли околу испораката на оружјето предупреди Москва. Борбите на источниот фронт во Украина продолжуваат. Руската армија околу Северодоњецк и Лисисчанс напаѓа од три страна со цел да ги опкуржат брнаителите, кои успешно возвраќаат јави украинската армија. Руската армија и проруските сепаратисти пак се пофлаија воспоставиле целосна контрола над стратешкиот град Лиман. Укрианскиот претседател уапти остри критики до западните земји - престанете да си играте со Русија и – воведете уште построги санцкии кон Москва за да се стави крај на нејзината бесмислена војна.

- Притисокот врз Русија буквално е спасување животи. И секој ден на одолговлекувања, салбости, разни дебати или предлози да се смири агресорот за сметка на жртвите значи повеќе убиени Украинци. Ова се нови закани за сите на нашиот континент, предупреди Зеленски.

Критики до западот упати и првиот руски дипломат. Според Лаворв актуелното однесување на западните нации е еднакво на „тотална војна против рускиот свет. Економски санкции, измамничка пропаганда во глобалните медиуми, забрана на руски писатели, композитори и други важни културни личности. Западот ни објави тотална војна рече Лавров за време на состанокот со шефовите на регионито во Русија. Во меѓувреме САД го отфрлија повикот на рускиот претседател Владимир Путин до Западот да ги укине економските санкции со цел да продолжи извозот на жито од Украина. Русија е таа која активно го блокира изнесувањето на прехранбени производи од украинските пристаништа и го зголемува гладот во светот“ Санкциите не го погодуваат ниту житниот извоз, ни пак паричните трансакции поврзани со него, соопти белата куќа.