Македонија
30. October 2015 - 17:24

И медиумите во Европа препознаа манипулации и измами од Заев

“Зоран Заев фатен во лага по посетата на Израел“, пишуваат реномираните Бриселски медиуми “EU Reporter” и“ EU Today“.

Во текстот под наслов “Му горат пантолоните на Зоран Заев“, кореспондентот Џејмс Ватсон  објаснува како лидерот на СДСМ се посрамоти по средбата со изралескиот министер за внатрешни работи Силван Шалом.

- Политичките лидери се економични во кажувањето на вистината, но вистинска реткост е некој да биде фатен во лага за тоа што разговорал на билатерална средба. Ова со што се соочува лидерот на македонската опозиција Зоран Заев е срамна политичка ситуација. Скандалот не само што го уништи неговиот кредибилитет, туку ја ризикуваше и меѓународната репутација на Македонија, пишуваат “EU Reporter” и“ EU Today“.

По посетата на Израел, Заев соопшти дека со министерот за внатрешни работи на Израел зборувал за безбедносни и економски теми и дека остварил средби со луѓе на МОСАД од кои добил некакви материјали.

Реномираните Европски медиуми потсетуваат дека  струмичкиот градоначалник беше веднаш демантиран од министерот Шалом и амбасадорот на Израел во Македонија кои соопштија дека на кусите куртоазни средби во Израел Заев ниту се сретнал со МОСАД ниту разговарал за безбедносни и економски теми. Влијателните Британски медиуми се прашуваат зошто тој сеуште нема испратено извинување до израел за дезинформациите кои ги соопшти?

“EU Reporter” и“ EU Today“ пишуваат дека во преговорите за надминување на полтичката криза лидерот на СДСМ постојоно ги менува своите барања, а недостатокот на кридибилитет кај него може да ја стави под знак прашник и препораката на Македонија за членство во Унијата.

Ова не е прв пат лидерот на СДСМ да биде во центарот на ваков скандал. Македонската јавност, само во последните година дена, неколку пати го фати Зоран Заев како измислува, манипулира и самиот себеси се демантира.

Прво кажа дека има 20.000 прислушувани разговори за потоа да дојде до бројката од 600,000. Во прво време говореше дека снимките му ги доставиле странски служби за потоа да изјави дека ги добил од македонските. Велеше дека не го познава Зоран Верушевски за потоа да потврди дека на неговиот син му купил скап автомобил. Бриселските медиуми потврдуваат дека после серијата на вакви скандали тој целосно го има изгубено политичкиот кредибилитет.