Македонија
14. September 2016 - 16:34

И крадците бегаат од земјотрес: Нема зголемен број на кражби

И крадците се исплашила од земјотресите во Скопје. Според статистиката на МВР во неделата попладне после 15 часот и 10 минути кога беше почувствуван најсилниот потрес во главниот град до вечерта не е регистрирана ниту една кражба во куќи и станови.  Иако граѓаните тоа попладне во страв и паника ги напуштаа домовите , повеќто и без да ги заклучат вратите, очигледно и на арамиите им било страв да го искористат отсуството на домаќините и да влезат во некоја зграда. Од друга страна во саботата ноќта до најсилниот земјотрес во полицискиот билтен евидентирани се десетина тешки гражби во домови на подрачјето на Скопје. Исто така во летниот период во полиција просечно дневно се пријавуваат и по 20 разбојништва, а пленот најчесто се пари и злато. Неколку часа по силниот потрес имало само 2 кражби и тоа во маркети.

СТЕНД- Во неделата се регистрирани и значително помалку сообраќајни несреќи. Полицијата извршила увид само на  9 сообраќајки, со 4 полесно повредени,  а според статистичките податоци последниот ден од викендот бројот на судари во главниот град е многу поголем. Но, од друга страна во градскиот парк  до доцна во ноќта имаше стотици луѓе што не е вообичаено за во недела вечер.