-->
-->
И Кина влегува во војната против нив ИСИС
-->
Си Џинпинг, претседателот на Кина, изјави дека неговата држава ќе ја засили соработката со светот во решителната борба против тероризмот, по новото убиство на кинески државјани, јавија британските медиуми.
Кинескиот лидер силно го осуди нападот на џихадистите во хотелот Радисон блу во Мали, во кој меѓу загинатите се и тројца директори на државна кинеска корпорација за изградба на железници.
- Кина ќе ја засили соработката со меѓународната заедница во решителната борба против терористичкото насилство во кое страдаат невини луѓе. Тука станува збор за одржување на мирот и стабилноста, истакнал Си во соопштението постирано на официјалната интернет страница на кинеското министерство за надворешни работи.
Убиените директори биле на преговори за соработка со владата на Мали, и иамле состанок во хотелот во моментот на нападот. Спасени се други четворица кинески државјани.
Овој напад следи само неколку дена откако припадници на Исламска држава во Ирак го убија кинескиот заложник Фанг Џингхуи, заедно со Норвежанецот Јохан Гримсгард.
Пекинг го лоцирал Фанг во ирачката покраина Анбар и напредувал во преговорите за негов откуп, но засилувањето на руските и француските воздушни напади предизвикало хаос во организациската структура на исламистите. Каналите за преговори биле пресечени и бидејќи на исламистите итно им биле потребни пари, а не ги добиле, го убиле Кинезот.
Кинеските медиуми веднаш потоа пишуваа дека убиството на заложниците за време на самитот Г20 е објавување на војна кон целиот свет.
Кинескиот амбасадор во ОН во меѓувреме повика на глобална соработка во борбата против тероризмот, но по нападот во Мали сето тоа доби нова димензија, па затоа сега реагираше и кинескиот претседател Си Џинпинг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба на Народната банка и ЕБОР за новата Стратегија за земјава за 2025-2030 година
-
На Попова Шапка најстудено со - 5 степени, најмногу снег во Берово 22 сантиметри
-
Евробарометар: Мнозинството македонски граѓани имаат доверба во ЕУ
-
Џихадистите зазедоа уште еден град во северозападна Сирија
-
Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури
-
Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа
-
Ким: Русија има право на самоодбрана
-
Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица