Џет-Сет
27. January 2019 - 13:12

И Касандра против Мадуро: Познатата актерка застана зад самопрогласениот претседател, еве што порача

Состојбата во Венецуела каде претседателот на парламентот Хуан Гваидо се прогласи за претседател наместо актуелниот шеф на државата Николас Мадуро, се заканува дека ќе излезе од контрола.

Додека бројот на жртвите на улиците расте, каде беснеат протести, почнаа и познатите личности од оваа земја да се вклучуваат во драматичните настани, во кои досега животот го загубија најмалку 26 лица.

Така зад Гваидо, а против Мадуро застана и актерката Кораима Торес, која стекна светска слава глумејќи во сапунската опера „Касандра“. Оваа ѕвезда во екот на својата слава во 90-тите години го посети и Скопје.

Инаку таа на Инстаграм постави фотографија со натпис: „Слободна Венецуела“, алудирајќи на датумот кога Гваидо себеси се прогласи за претседател и додаде:

„Без оглед на тоа каде и да се Венецуелците, сите сме здружени за 23.јануари 2019 година“.

Инаку, опозицискиот лидер Гваидо вчера рече дека ќе ја разгледа амнестијата за Мадуро и неговите соработници ако помогнат во Венецуела да се врати демократијата.