Македонија
14. February 2016 - 17:58

"И јас сум Македонец и јас сум од Пустец“, огромна поддршка за Едмонд Темелко

„И јас сум Македонец. И јас сум од Пустец“ - Ова е фан страната на Фејсбук со огромна поддршка на единствениот Македонец градоначалник во Албанија, кој пред два дена беше приведен од неговиот дом пред очите на сопругата и децата. Стотина коментари за Едмонд Темелко на социјалните мрежи, нарекувајки го херој и патриот на кого му е нанесена голема неправда. Жителите од Пустец не го даваат нивниот градоначалник, кој три мандати ја води општината.

Не само од сограѓаните од Пустец, поддршка за темелко има од македонците во дијаспората но и македонците во земјата. Му порачуваат дека не е сам во оваа битка во која ќе победи македонштината. Се солидаризираат со градоначалникот на Пустец кој и покрај здравствените проблеми бил приведен без полицајците да покажат налог, што според правни експерти личи на инквизиторско и комунистичко однесување.

- Одредени сили кои сакаат да го препарираат регионот според нивните потреби и на штета на македонскиот народ, се плашат од силината на ВМРО ДПМНЕ и огромната подршка на народот, го започнаа сценариото со СЈО, напиша Мане Јаковлевски еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ

Татковците и дедовците на овие кои денес си играат со македонштината, пред 60 години ги затвара границите за Македонците од Грција, стои во статусот на Илија Димовски кој порача дека Темелко треба да ја добие целата поддршка.

По одлуката на судот дека нема оправданост за притвор на темелко, тој во Пустец емотивно беше пречекан од неговите сограѓани. Изјави дека судската одлука е правилна но е изненаден од лошто однесување на новиот началник во битолската полиција.

- Без налог на Судот, без никакви прописи. Лошо однесување на началникот на полицијата од Битола, новиот што е ставен од опозицјата, се со цел да покаже некаква сила или да имам јас некаква реакција. Уште на почетокот им кажав дека ако мислат оти нешто ќе ме исплашат или ќе ме нетераат спортивно од тоа што е реално да кажам, нема да го добијат тоа. После во Основниот суд беше се коректно, истражната судијка донесе правилна одлука според сите околности, изјави Едмонд Темелко.

- На неговото вчерашно приведување од страна на СЈО, како што видовме се радуваа сите душмани на македонскиот народ и бугарските фашисти и затоа ние го сметаме ова како едно антимакедонско дело. Упатуваме апел до сите институции во Република Македонија гледам дека повеќе од две години се води една хајка против Македонците во Мала Преспа, да ги остават на мира Македонците во Албанија, изјави Васил Стејровски

- Значи ние сме Македонци и не сме против Македонците во Македонија, туку сме против некои што не знаат што прават заради парите  го пониуништуваат македонскиот народ, негов народ и го нарекуваат Албанците, а не Македонците. Не треба некој нас да не нарекува Албанци,  како што не нарекуваат некои од  СДСМ од Ресен, од Битола и други места, изјави Ило Сотири.

Темелко на албанската политичка сцена стана синоним за отпор во истрајноста и борбата за заштита на правата на Македонците во Албанија. 

Моментално извршува трет мандат а зад себе има многу успеси за унапредувањето на правата на македонците и македонските интереси во Албанија. Негова заслуга е што за првпат во историјата на Република Албанија, со македонски јазик е обележана целокупната сообраќајна сигнализација, улиците, плоштадите, јавните установи и селата во Мала Преспа, со имиња на настани и личности кои оставиле белег во македонската историја.