И Индија најави вакцина против Ковид-19 до крајот на годината
До крајот на годината и Индија ќе има вакцина против Ковид-19, изјави денеска индискиот министер за здравство Харш Вардан.
-Еден од нашите кандидати за вакцина против Ковид-19 е во третата фаза од клиничките испитувања. Убедени сме дека вакцината ќе биде развиена до крајот на оваа година, рече министерот, пренесува Си-Ен-Ен.
„Среќен сум што можам да кажам дека во осмиот месец од битката Индија има најдобра стапка на заздравување од околу 75 проценти. Вкупно 2,2 милиони пациенти закрепнале и заминале дома, а наскоро уште 700.000 ќе бидат излекувани“, додаде министерот.
Пациентите во Индија со благи и умерени симптоми не се сметаат за активни по 10 дена од појавата на симптомите доколку исполнуваат одредени услови. Не им е потребен тест како потврда дека веќе немаат вирус. Тешките случаи можат да бидат отпуштени од болница со само еден негативен тест.
Индија има 1.500 лаборатории за тестирање на вируси.
Земјата денеска ја надмина бројката од три милиони потврдени случаи на коронавирус, откако беа соопштени новите 69.239 инфекции, наведе индиското Министерство за здравство.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација