Балкан
13. August 2015 - 12:08

И Хрватската претседателка се огласи за убиениот Томислав

 
Хрватската претседателка Колинда вчера по веста за обезглавувањето на Томислав кого Џихадистите го држеа како заложник, ги откажа сите активности кои ги имаше на агендата. 
 
- Додека има било каква надеж дека нашиот сограѓанин е жив ќе продолжиме со напорите за спасување, изјави таа и испрати сочуство до семејството на Томислав за пеколот низ кој што поминуваат.
 
- Во моментите на длабока неизвесност и тага, сочуство кон сопругата на Томислав, родителите и децата. Ние ќе продолжиме со напорите се додека постои надеж да спасиме живот ако не е предоцна, изјави Колинда.
 
Претседателката не дала никакви детали за потрагата и напорите за пронаоѓање на хрватот.
 
Ескпертите се обидуваат да го дознаат идентитетот на обезглавениот маж за да се открие дали е Томислав. Неговото семејство не ја губи надежта.