Свет
20. August 2017 - 18:02

И Гренланд зафатен од пожари

На Гренланд со недели има пожари, а тоа се смета за историска појава, бидејќи 80 отсто од територијата е прекирена со мраз.

Гренланд што не е типично опкружување за пожарите. Тоа е загрижувачка и невообичаена појава.

Иако пожарот зафати само површина од два квадратни километри, тоа е најголем пожар на Гренланд од 2000 година.

Пожарот првпат е снимен од сателит на 31 јули во западниот дел на Гренланд и се уште гори.

Претходните пожари траеле по три дена, а сегашниот е на 60 километри од ледените површини, но не се во опасност населените места.

Според податоците на НАСА причина за пожарот на Гренланд е сувото лето без дожд.

Чадот се шири и може да влијае врз луѓето, но и на топење на мразот.