И Грција ќе ги менува таблите со старото име
Грција веќе ја призна Северна Македонија, а тоа ќе се одрази во секое официјално споменување, вклучувајќи ги и таблите, рече портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, на редовниот брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на тоа дали, откако стапи во сила Договорот од Преспа, Грција ќе ги промени таблите на северната граница на кои сега пишува Скопје или ПЈРМ.
-Во однос на таблите, што ги споменавте, јасно е и апсолутно е факт дека Грција веќе ја признава соседната држава со името Северна Македонија и тоа ќе се одрази во секое официјално споменување од Грција кон Северна Македонија, нешто што очигледно ги вклучува и таблите, рече Ѕанакопулос.
Грчки дипломатски извори за МИА објаснуваат дека Министерството за надворешни работи на Грција, во следните денови ќе испрати циркулар до јавната администрација со кој ќе ги информира за промената на името во Северна Македонија, а со тоа и за потребата да се променат таблите.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка