Македонија
14. April 2021 - 21:16

И годинава се очекува да продолжи непопуларната пракса верски празник - повисоки цени

За пазарџиите нормални, за муштериите високи. Како и секоја година така и оваа граѓаните се жалат на поспакување пред велигденските празници. Јагнешкото кое е најпотребо за празниците чини 300 денари, но граѓаните стравуваат дека токму пред Велигден ќе биде уште поскапо. Сериозен скок има кај цената на маслото која достигна до 90 денари, а поскапеа и јајцата и  брашното. Граѓаните се жалат дека поскапени се сите производи, но мора да се купува. 

Пазарџиите пак тврдат дека цените не се покачени, тие се нормални но купувачи нема. Велат дека секој ден пазарите се се попразни.

На пазарите во Скопје пиперките се продаваат по цена од 140 до 250 денари за килограм, краставицата се продава по цена од 70 до 90 денари, цената на компирот се движи од 80 денари до 100 денари.

Засега само мелничарите  уверуваат дека  цената на лебот ќе остане непроменета.

Од пазарниот инспекторат велат дека немаат надлежност да влијаат на цените, со образложение дека е пазарна економија и ти се формираат врз основа ан понудата и побарувачката.