Македонија
29. August 2016 - 12:40

И годинава бесплатни униформи за основците во Аеродром

Општина Аеродром и годинава за сите основци во училиштата што се на нејзина територија обезбедува училишни униформи. За оваа намена општината има обезбедено средства во износ од осум милиони денари, за над 6.500 униформи.

- Општина Аеродром трета година по ред обезбедува бесплатни училишни униформи за сите деца во нашата општина. Проектот има социјален карактер. Идејата е сите деца да изгледаат исто, пристојно, со цел да можат во текот на годината да се фокусираат на воспитно образовниот процес, а со тоа да имаат и подобри резултати во учењето, истакна градонашалникот на општина Аеродом Ивица Конески при доделувањето училишни униформи во ОУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче.

Информира дека за годинава општината обезбедила осум милиони денари за релизација на овој проект, во чии рамки, како што рече, ќе бидат набавени над 6.500 униформи за децата од основните училишта.

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски смета дека овој проект на општината е позитивен пример кој, како што апелира, треба да го следат и другите градоначалници и општини во Македонија, да обезбедат средства со кои ќе им помогнат и на семејствата и на учениците во нивните општини. 

- Овој проект е за поздравуваање бидејќи со него се обезбедува социјална еднаквост, се надминуваат на еден начин економските разлики кои можеби постојат меѓу дел од семејствата и се озвозможува сето тоа да нема никакво влијаније на учениците. Напротив тие на еден начин да се фокусираат на она што треба да биде нивна приоритетна активност во училиштето, а тоа е зголемување на квалитетот на нивното знаење, истакна заменик-министерот Ристовски.

МОН, додаде тој, во целост ги поддршува ваквите активности, пред се заради тоа што, како што посочи, општина Аеродром е прва која започна активности.