Македонија
16. јуни 2016 - 16:39

И годинава бесплатна музичка работилница во спомен куќата на Тоше Проески

Тридневната бесплатна работилница за млади музичари во спомен куќата на Тоше Проески оваа година ќе ја раководи Горан Алачки.

Талентираните музичари ќе имаат можност со својот ментор да се едуцираат професионално а резултатите од нивната заедничка работа ќе бидат презентирани на завршниот концер.

Од 24 до 26 јуни во Крушево младите ќе учат специфични техники на музицирање на еден од најкомплексните инструменти застапен во традиционалната и класичната музика. Целта на министерството за култура и организаторите е да се продолжи благородната мисија на Проески кој многу се залагаше за младите колеги музичари, нивна едукација и усовршување.

Во иднина се надеваат  дека  Спомен домот во Крушево во иднина ќе прерасне во балкански  музички центар.

Пријавувањето е во тек, Алачки ги покани сите заинтересирани да дојдат на бесплатната работилница каде преку звукот на хармониката ќе слушнат аранжмани испреплетени со модерното и традиционалното.

На завршниот концерт ќе настапат повеќе пејачи и музичари а специјален гостин ќе биде Елена Ристеска.