Живот
16. April 2018 - 19:34

Ѝ го фалсификувал потписот: Сакал да го забрза разводот од тешко болната сопруга па да ѝ земе се

После 18 години брак, 44 годишниот Ники Џонс поднел барање за развод од својата тешко болна сопруга 41 годишната Луси МекДонел- Џонс без нејзино знаење. Неговата сопруга во тој момент се наоѓала во болница 9 месеци и примала хемотерапија, поради трет стадиум на Хоџкинов лимфом, кој се проширил на препоните, јајниците, грбот и желудникот.

Џонс и порано и однел документи за развод на сопругата на работа, но во таа прилика она одбила да ги потпише затоа што не стигнала да ги прочита, пишува Дејли Мејл. Парот подолго време бил во лоши односи, со години спиеле во одвоени кревети, а во 2014 Луси конечно го напуштила сопругот. Веќе следната година и бил дијагностициран карцином па се било ставено на чекање.

Предал документи со фалсификуван потпис

Плановите на својот сопруг ги открила подоцна, кога била отпуштена од болница и во некогашниот семеен дом пронашла документација за развод. Меѓу останатото со отворена пошта на нејзино име, која сопругот и ја сокрил, пронашла писмо од семејниот суд.

Луси се јавила во судот да провери што се случува и останала шокирана од сознанието дека нејзиниот сопруг поднел барање за развод кој она го прифатила со потпишување на документите. Се обратила до адвокат, кој ја стопирал бракоразводната парница додека полицијата не истражи што впрочем се случило.

Потписот на документите воопшто не изгледал како нејзиниот, па Луси сфатила дека нејзиниот сопруг сакал да се разведе од неа без нејзино знаење додека таа уште била во болница. Луси верува дека тоа било обид да дојде до имотот- нивните две куќи и заедничката заштеда.

Сакал да го забрза процесот

Работата завршила на суд, а обвинителката истакнала дека фалсификувањето на потписот и нанел огромен стрес на госпоѓата Џонс, која во тој момент се уште примала хемотерапија.

-Таа верува дека тој го фалсификувал нејзиниот потпис поради стекнување на имотна корист додека таа уште била болна, вели тој.

Неговиот адвокат кажа дека Џонс инсистира на тоа дека неговиот чин е „делумно мотивиран со тоа што сакал да го забрза процесот“. Тој го призна фалсификувањето, но тврди дека не се обидел да ја употреби болеста на својата сопруга во своја корист.

-Само да причекаше неговата сопруга да се опорави, можеби шест или осум месеци подоцна, и на неа ќе и беше јасно дека нивниот брак завршил. Разделени беа две години и разводот беше неспорен, изјави неговиот адвокат.

Судот донел пресуда според која Џонс во затвор ќе мор да помине осум месеци, а половина од тоа време ќе го помине во притвор. Одредена му е и забрана за приближување на поранешната сопруга.