Балкан
11. July 2016 - 17:42

И ги искинал внатрешните органи, заврши обдукцијата на Анѓелина, погребот утре

Денеска е направена обдукција врз силуваното, а потоа брутално убиено девојче со камења и тупаница. На тригодишната Анѓела Стефановиќ од зајечарското село Вратарница, убиецот Владица Рајковиќ (28) и ја смачкал главата до непрепознатливотс.

Рајковиќ, неофицијално во текот на силувањето на Анѓелина и ја пробил стомачната ципа. Полицијата кога го пронашло телото на малечкото девојче од него испаднале внатрешните органи.

Монстозниот силувач и убиец во моментот на злосторството бил целосно пресметлив.

Психијатарот кој разговарал со него оценил дека убиецот бил поднапиен, но не толку многу за да не може да управува со своите постапки и бил потполно свесен што прави.

-Во истрага осомничениот раскажал што се случило. Во моментот на силувањето девојчето почнало многу да вреска од боли. Рајковиќ побеснел, па и удрил неколку силни шамари за да престане. Но девојчето продолжило да плаче и да вреска, по што тој зел камен и ја удрил по лицето, пишуваат медиумите.

Побеснетиот убиец девојчето го докусурил со тупаници, и кога сфатил дека е мртва ги облекол панталоните, и ја одвлекол во блиската шума додека зад него останувала крвава трага. Трупот го покрил со лисја, а својата крвава гардероба ја испрал во Тимок и отишол дома каде се пресоблекол.

Мирно се вратил на роденден кај својата внука, седнал и почнал да пие, а потоа го фатил за ревери вујкото на Анѓелина, Далибор Стефановиќ. Дошло до гужва, луѓето сакале да го линчуваат убиецот, но во тоа ги спречила полицијата.

Во село Вратарница сите се уште во шок, уште не може да веруваат што се случило и каков монструм е нивниот сограѓанин.

Anđelina, Zaječar

Домот во кој дента Анѓелина се веселила на роденденот, сега е завиен во тишина. Мајката Данијела ја припрема облеката во која ќе биде погребано нејзиното чедо. На масата ги нареди сите работи, од чорапи до маичката и чека да и го вратат детето од обдукција за да го облече.

Мојата Анѓелина мора убава да оди на овој свет. Се ново и купив. Но како ќе ја облечам. Ми рекоа да не го отворам сандакот, а како ќе ја бакнам за последен пат...- плаче неутешната мајка.

Мајката се присетува на однесувањето на Владица Рајковиќ на самиот роденден. 

-Пред да ми го одземе детет, ги послужуваше гостите на роденденот, играше со децата, никој ништо не се сомневаше, вели Данијела.

Никој од гостите не го забележал моментот кога Владица го одвлекол детето. Убиецот на само 700 метри од куќата на девојчето го извршил крвничкото злосторство.

Мајката Данијела како во бунило додава:

-Знаете што би сакала? Тој да дојде на погребот на мојата Анѓа, да го погледнам во очи и да видам дали сфаќа што нашравил, да видам дали барем малку се кае...

Анѓелина ќе биде погребана утре на гробиштата во Вратарница.