Бизнис
13. December 2018 - 19:25

И ЕВН и ЕЛЕМ трејд се надеваат дека ќе бидат универзален снабдувач со струја

ЕВН и ЕЛЕМ Трејд, фирмата ќерка на државни електрани се подготвени да ја преземат улогата на универзален снабдувач. За разлика од ЕВН, ЕЛЕМ Трејд досега нема искуство со дистрибуција на енергија. Но, ова е голем предизвик за компанијата.

Од ЕЛЕМ не кажуваат колку нови вработувања ќе бидат потребни доколку компанијата биде избрана за универзален снабдувач.

ЕВН и досега ја дистрибуираше струјата до потрошувачите. Оттаму велат дека ова е само почеток на процесот за избор на универзален снабдувач, согласно законските измени кои се прават заради усогласување со европските регулативи.

ЕВН е компанија која има искуство во работењето во оваа област, ги исполнува сите услови и ќе учествува во сите фази кои се дел од овој процес, велат од компанијата.

На тендерот се пријавија само овие две фирми. Компанијата која ќе биде избрана за универзален снабдувач ќе има обврска да ги снабдува со струја сите домаќинства кои нема да излезат на слободен пазар. Снабдувачот треба да почне со работа на 1 март.