Живот
24. September 2015 - 13:28

И двете имаат 18 години: Едната доби пластична хирургија и нов Мерцедес, а другата куршум во главата и Нобелова награда

Не можат да се споредат, а сепак едната од нив е многу повеќе популарна од другата. Но, за жал не онаа која го заслужува тоа.
 
Веројатно сте слушнале за пакистанската Малала, една од најмладите добитнички на Нобеловата награда. Се разбира, сте слушнале и за Кајли Џенер. Единствената работа која им е заедничка е дека имаат по 18 години, се друго не може да биде поразлично.
 
Малала Јусафзаи уште како девојче започнала да биде активистка за правата на жените. На само 11 години таа го потврдила правото за образование на жените во Пакистан во многу конзервативни области, поради што и станала позната, но и потенцијална мета на Талибанците. Во 2012 година таа била застрелана во глава, во школскиот автобус.
 
Нејзиниот мемоар „Јас сум Малала“ ко је објавен минатата година, а кој го напишала со помош на британската новинарска Кристин Ламб, говори за нејзиниот живот пред и после 9 октомври 2012 година кога вооружени талибанци го нападнале школскиот автобус. Најпрвин прашале „Која е Малала“, а потоа веднаш и пукале во глава.
 
Оваа млада Пакистанка во 2013 година одржала говор пред Обединетите нации, истакнувајќи дека нема да се усогласи со терористите кои сакале да ја повредат.
 
После тоа Малала има добиено уште награди, а во 2014 година нејзината посветеност е крунисана со Нобелова награда за мир која ја добила на 17 години.
 
Покрај неверојатната храброст и упорност за идеите кои верува, таа изјавила дека и е рано за да добие Нобелова награда.
Ете, тоа е Малала накратко. Девојката која од мали нозе се бори против неправдата, која ниту куршум во главата не ја спречил да продолжи со борбата.
 
Која е Кајли Џенер?! За неа, има слушнато целиот свет, а за Малала може никогаш и не сте чуле. Затоа што денес образованието се стекнува на Интернет, а не на училиште. Неверојатно е што веста за Малала беше читана и постирана само 5 дена, додека „веста“ за новата фризура на Кајли Џенер се читаше со недели. 
 
По што е позната таа? По тоа што не знае да живее без камерите кои ја следат насекаде, заблагодарувајќи се на реалните шоуа во кои живее од мали нозе. По тоа што само што стана полнолетна и пристигна понуда да сними порно филм.
 
Или пак по тоа што често се слика полугола и шета несовесно. Кајли има само 18 години, а нејзините операции не можеме да ги изброиме со прсти.
 
Парите кои Кајли ги потроши за забавата за полнолетство, Малала би ги дала на деца и жени кои се борат и веруваат во подобра иднина.
 
Но, и покрај сето тоа на социјалните мрежи се следи секој чекор на Кајли, додека Малала отиде во заборав.
 
Можеби е крајно време да се запрашаме во која погрешна насока тргна опшеството. Додека девојките како Малала се помалку важни од Кајли, нашите глави ќе ни служат само за фризури.