Фудбал
20. July 2016 - 23:22

И два гола не беа доволни, Вардар елиминиран од ЛШ

Фудбалерите на Вардар иако во два наврати имаа водство против Динамо Загреб но на крајот се поразени со 3-2 и елиминирани од понатамошната борба за Лигата на шампионите. 

Црвено-црните добро го започнаа мечот , имаа статива преку Хамбарџујан а на крајот од првиот дел водеа со 1-0 со прекрасниот погодок на Велковски. 
Во вториот како да падна концентрацијата и од една безопасна ситуација Динамовци заработија пенал, пред се поради невниманието на Хамбарџујан и престрога одлука на рускиот судија Иванов. 
Пјаца биеше неодбранливо и израмни на 1-1. 
Во 63-тата минута ново водство за Вардар по еден брз противнапад и автоголот на Шилденфелд. 
Само 6 минути подоцна нов подарок за Динамо откако Спировски непотребно играше со рака. 
Пјаца повторно бие неодбранливо и израмнува на 2-2. 
Приказната на македонскиот првак во Европа ја запечати Мачадо со прецизен удар и топката со  помош од вардаровата одбрана го смени правецот и отседна во мрежата на Алексовски за конечни 3-2.